Заев: Самоопределбата за попишување на дијаспората ја прави разликата на попишаните со вкупниот број гласачи

1 min read

Целата дијаспора не ни е попишана. Некаде околу 200 илјади граѓани од дијаспората се попишани, а сите знаеме дека дијаспората е голема. Тоа што останува на самоопределба за попишување на дијаспората и тука го гледаме делот на разликата на попишаните со вкупниот број на гласачи, изјави премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарски прашања денеска по објавувањето на првиот реализиран проект од новиот инвестициски циклус на Пивара Скопје.

Сите тие граѓани, посочи Заев се државјани, како основ на државјанство ги има со свои адреси овде и тие се во избирачките списоци.

– Од вкупната бројка кога ги гледате ја сфаќате логиката зошто сме околу милиони и осумсто илјади гласачи, а еве милион и осумсто и читириест илјади колку што точно објави Државниот завод за статистика сме жители, кои што живеат овде во државата. Заедно со дијаспората веројатно некаде околу два милиони и четириесет илјади се попишани. Но, тоа што останува на самоопределба за попишување е кај дијаспората и тука го гледаме делот на разликата на попишаните со вкупниот број на гласачи и е логично, изјави Заев.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Изминатиот месец во САД запленети 6.5 милиони фалсификувани долари и евра

Следно

Лазаров се стекна со највисоката тренерска лиценца на ЕХФ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian