Македонскиот напаѓач (34) има одличен старт оваа сезона во најсилното кипарско првенство во дресот на АЕК Ларнака.
Денеска во дербито АЕК Ларнака убедливо со резултат 1:4 на гостински терен го совлада Аполон кој досега знаеше само за победи во шампионатот, а сега се помири и со првиот пораз.
Повторно блескаше Иван Тричковски овојпат запиша два голови во четвртата минута за 0:1 и во 52 минута за 0:3.
Во досега пет настапи за својот клуб нашиот интернационалец има шест голови и е моментно најдобар стрелец во најквалитетната кипарска фудбалска лига.
На табелата Аполон води со 12 бодови, сега само еден повеќе од второпласираниот состав на АЕК Ларнака.