Денеска се комплетираше првото коло во кошаркарската Евролига, играчите на Барселона на еден извонреден начин ја стартуваа новата сезона со домашната убедлива победа над Алба Берлин со резултат 96:64.
Уште во првата четвртина каталонскиот клуб обезбеди голема разлика, водеше по првите 10 минути со 28:15, а до крајот на втората делница веќе обезбеди 20 коша позитива.
Во победничките редови најдобро се истакна Миротиќ со 22 поени, а 10 помалку имаше Јокубаитис.
На спротивната страна американскиот интернационалец Сима имаше „дабл-дабл“ учинок од 16 поени и 10 поени.
Фенербахче беше подобар во натпреварот против Црвена звезда со 61:57, за турскиот претставник Пјер имаше 13 поени, три помалку од Ивановиќ кој беше најефикасен за српската екипа.
Се одиграа уште три средби, во рускиот дуел Зенит Петерсбург славеше минимално 69:70 над Уникс Казан, Лион-Вилербан го надигра Жалгирис Каунас (88:76), додека Олимпијакос со 75:50 ја преслуша Басконија.
ВИДЕО: Стартуваше новата сезона во Евролигата, шампионот поразен од Реал Мадрид