ВИДЕО: Нова пукотница во училиште во Хјустон

1 min read

Американската полиција уапсила осомничен за пукањето во училиште во Хјустон, а едно лице итно било префрлено во болница.  

„Добивме пријава за пукање во училиштето во 11:45 часот“, се вели во соопштението на полициската управа во Хјустон. 

„Само што добив порака дека има човек со пиштол на училиште“.  

Полицијата го претресува училиштето и бара други можни напаѓачи во објектот, соопшти полицијата, додавајќи дека местото на настанот се уште е активно.  

„Ќе ми требаат единици на 4411 Андерсон, само што добив порака дека има човек со пиштол на училиште“, се вели во полицискиот извештај.  

Од противпожарната станица во Хјустон за Еј-Би-Си изјавија дека едно лице е пренесено во болница, но нивната возраст, пол и здравствена состојба не се наведени.  

Засега нема информации за други повредени. 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Мишел: ЕУ и Западен Балкан треба да работат за силна, стабилна и обединета Европа

Следно

Мурсели: Центарот на Тетово ќе стане атрактивна област, приоритет продолжување на булеварите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian