ВИДЕО: Историски ден за Ињаки Вилијамс на „Сан Мамеш“

1 min read

Во малото баскиско дерби против Алавес, напаѓачот на Билбао Ињаки Вилијамс го урна рекордот на Хуан Антонио Ларанага, стар речиси 30 години, по бројот на последователни натпревари во „Ла Лига“.

Вечерва во рамките од осмото коло во најсилното шпанско првенство составот на Атлетик Билбао со 1:0 славеше над Алавес.

Во деветтата минута Гарсија не успеа да реализира пенал, но затоа истиот играч во 44 минута ја исправи грешката после асистенцијата на Лекуе.

Тренерот на Билбао, Марсело му даде шанса на еден од адутите оваа сезона, Вилијамс за негов 203 настап. Тоа е еден повеќе од Антонио Ларинага кој играше за Сосиедад во периодот од 1986 до 1992 година.

Серијата на Вилијамс без пауза започна од 20 април 2016 година токму на стадионот „Сан Мамеш“, или пред 1990 дена. Беше стартер на 169 мечеви, а на 34 влегуваше од клупата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Пропаднаа четвртина од подарок-вакцините од Бугарија, повлечени се откако им помина рокот

Следно

Промовиран Генералниот план за Стоби – современа алатка во заштитата на културното наследство

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian