ВИДЕО | „Ќе ја убијам мајка ти ако ѝ кажеш“: Глорија Естефан била злоставувана на само 9 години

3 mins read

Пејачката Глорија Естефан се приклучи на групата ѕвезди кои јавно проговорија дека биле жртви на сексуално злоставување на млада возраст.

Естефан имала само 9 години кога била злоставувана од член на нејзината фамилија, за кого не го разоткри идентитетот.

„Деведесет и три проценти од злоставуваните деца ги знаат и познаваат нивните злоставувачи. И јас го знам ова бидејќи јас сум една од нив“, изјави Глорија Естефан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gloria Estefan Daily (@gloria__daily)

Во шокантна објава 64-годишната пејачка раскажа дека се работело за член на нејзиното пошироко семејство, кој бил во позиција на моќ затоа што нејзината мајка ја запишала во неговото музичко училиште. Тој веднаш започнал да ја фали колку е талентирана и ѝ треба посебно внимание, а нејзината мајка била многу среќна што тоа го добивала.

„Му реков: „Ова не може да се случи, не можеш да го правиш ова“. Тој рече: „Твојот татко е во Виетнам, твојата мајка е сама и ќе ја убијам ако ѝ кажеш“. Знаев дека човекот е луд и затоа помислив дека тој може всушност да ја повреди мојата мајка“, раскажа Естефан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Notitachira (@notitachira)

По случката Глорија започнала да бара изговори за да не ги посетува музичките часови, тврдејќи дека се „досадни“. Се обидела и да стапи во контакт со нејзиниот татко, со кој си разменувале аудио снимки додека тој бил во Виетнам.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by La Red Caracol (@laredcaracol)

Но по губење на цели прамени од нејзината коса како последица од анксиозноста, на крајот сепак морала да ѝ ќаже на својата мајка – истрчала плачејќи во нејзината спална соба во 3 часот наутро и ѝ раскажала сè.

Нејзината мајка пријавила во полиција, но не продолжила со тужба за да Глорија не поминува низ дополнителни трауми од сведочењето и сослушувањето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gloria Estefan (@gloriaestefan)

Ова е прв пат како пејачката ја споделува приказната, а единствени кои знаеле за непријатното искуство било нејзиното семејство.

„Сакав да се справам со темата бидејќи е многу важно да се обидеме да спречиме. Исто така не сакам ни да седам тука тивко додека други споделуваат и се храбри“, кажа Естефан.

По сето искуство Естефан не сака да биде нарекувана „жртва“, туку „преживеан“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gloria Estefan (@gloriaestefan)

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Викендов започнува јубилејната 30 сезона во македонската кошаркарска лига

Следно

Залутан куршум оштетил возило во Карпош

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian