УЕФА: Елмас го има вториот најбрз гол во историјата на Лига Европа

1 min read

Елиф Елмас во четвртокот му донесе водство на Наполи на домашен терен против Спартак Москва уште во првата минута, но тоа не беше доволно да се оствари првиот триумф сезонава во Лига Европа.

После две кола во рамките од групата „Ц“ составот на Лучано Спалети се наоѓа на третата позиција со еден бод, колку што има и четвртопласираниот Лестер, а пред нив се водечката Легија со шест и Спартак Москва кој има три.

Доста се зборуваше за погодокот на македонскиот репрезентативец Елмас против рускиот клуб во текот на вчерашниот ден околу тоа после колку точно секунди и дали е првиот или вториот најбрз гол во историјата на Лига Европа.

Од европската фудбалска куќа (УЕФА) потврдија дека нашиот фудбалски „дијамант“ го има вториот најбрз гол во историјата на ЛЕ.

– На 11 секунди, голот на Елмас е вториот најбрз во историјата на Лига Европа после погодокот на Јан Сикора (10,69 секунди) за Либерец против Карабах во првото коло од групната фаза во сезоната 2016/2017 – објавија од УЕФА.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Северна Македонија е меѓу 15-те земји со најмал ризик за перење пари

Следно

Црна Гора е прва во Европа по трговија со дрога

Latest from Blog

На денешен ден – 21 октомври

1422.- Умре францускиот крал Шарл VI, кој на престолот беше 42 години. Во почетокот на владеењето бил наречен „Саканиот Шарл“, но

MacedonianEnglishAlbanian