Турски агент на разузнавачката служба уапсен во Германија

1 min read

Германското обвинителство соопшти дека отворило истрага против Турчин кој е уапсен во Дизелдорф под сомнение дека шпионирал приврзаници на движењето Фетулах Ѓулен.

Осомничениот, идентификуван како Али Д., во согласност со германските правила за приватност, беше приведен во хотел во Дизелдорф на 17 септември, откако хотелски работник најде оружје и повика полиција.

Федералните обвинители, кои ги водат случаите за национална безбедност во Германија, рекоа дека го зеле случајот од истражителите во Дизелдорф.

Во соопштението се наведува дека осомничениот собрал информации за турската разузнавачка служба МИТ за поддржувачите на движењето на Ѓулен кои живеат на подрачјето на Келн, како и дека е обвинет за поседување 200 парчиња муниција.

Турција го обвини муслиманскиот свештеник Ѓулен, поранешен сојузник на Реџеп Таип Ердоган, за обидот за државен удар во 2016 година, но тој го отфрли обвинението.

Турската влада го прогласи движењето на Ѓулен за терористичка група.

 

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Разговор со Ивана Трајаноска, авторка на романот „Деса“: Со секој женски лик во романот ја славам жената и нејзината (не)моќ

Следно

МЗ: Ревакцинирани 43,6 проценти од полнолетните граѓани во државата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian