Судар на хеликоптер и мал авион во Феникс, двајца мртви

1 min read

Откако хеликоптер и едномоторен авион се судриле над Феникс, хеликоптерот се урнал и изгорел при што загинале два патника.  

Авионот, пак, безбедно слетал на аеродромот, објавија властите, пренесува АП.  

Загинале две лица  

Наредникот Џејсон Меклиманс потврди дека судирот се случил во близина на градскиот аеродром Чендлер.  

Меклиманс и портпаролот на противпожарната станица Кит Велч потврдија дека две лица загинале во хеликоптерот.  

Видеото објавено од локалните вести покажува како пожарникарите ставаат церада над изгорените остатоци од хеликоптерот. 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Разговор Столтенбег – Лајчак: Трајно политичко решение е во корист на НАТО и ЕУ

Следно

Северна Македонија е меѓу 15-те земји со најмал ризик за перење пари

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian