Скејтбординг натпревар викендов во Скопје

1 min read

Викендов (на 2 и 3 октомври) во Скопје ќе се одржи петтото издание на скејтбординг натпреварот „One More Try“.

Годинава натпреварот се организира под мотото „Нема да успееме“, на две локации.

Во сабота, со почеток во 14 часот ќе се одржува пред спортската сала „Борис Трајковски“, а во недела настанот се префрла во скејт паркот во Карпош.

Натпреварот е отворен за скејтери од сите возрасти.

Атмосферата ќе биде дополнета со музика, дружба и трикови.

Организаторите посочуваат дека натпреварот ќе се одржи согласно актуелните протоколи за организирање настани на отворено.

Настанот е поддржан од Град Скопје, Дроп Ин, ХМКД, Санта Круз Скејтбордс, Попкорн Скејт Ко, Горска Вода и Јојо’с ББКју.

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Шокантни податоци: Секоја петта жена носи исти гаќи со денови, последиците се опасни

Следно

Пакистан им забрани на невакцинираните да патуваат на домашни летови

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian