Самоубиство на пратеник: Го скрил пиштолот во инвалидска количка, се самоубил во парламентот

2 mins read

Поранешниот министер во владата на сојузната држава Малави, Клемон Чиваја, се самоубил во зградата на парламентот, со пиштол што го сокрил во инвалидската количка, поради што полесно го поминал обезбедувањето.  

Чиваја (50) бил и заменик -претседател на собранието, а тој синоќа си пукал во главата, во канцеларијата на еден од вработените во парламентот, пренесува АП.  

Полицијата соопшти дека Чиваја напишал проштално писмо во кое го споменал неговиот двегодишен спор со парламентот околу тоа кој треба да ја плати штетата на неговиот автомобил предизвикана по сообраќајната несреќа. 

Тој во писмото наведува дека го „моли“ парламентот да го замени неговото оштетено возило, инсистирајќи дека тоа е нивна обврска.  

Судот донел одлука во негова корист 

Чиваја го купил возилото од парламентот во 2019-та година на крајот од неговиот петгодишен парламентарен мандат, но службениците го одложиле пренесувањето на сопственоста на негово име, што предизвикало осигурувањето да биде неважечко во моментот на несреќата шест месеци подоцна.  

Возилото било адаптирано за да може да го вози Чиваја, која имал детска парализа.  

„Јас не сум насилна личност. Иако би ми било лесно да ги повредувам другите со средствата што ги имам, не сакам тоа да биде мое наследство. Парламентот имаше смелост да ми одрече нешто што ми припаѓа и морав да ги молам. Уморен сум од тага. Имав наполнет пиштол и можев да ги убијам сите овие луѓе, но решив да си одам сам “, напишал тој во писмото испратено до полицајците неколку моменти пред да се самоубие.  

Парламентот соопшти дека Чиваја ги активирал алармите кога минал низ детекторот за метали во зградата на парламентот, но обезбедувањето му дозволило да помине бидејќи веруваат дека неговата инвалидска количка го активирала алармот и не го претреселе него или инвалидската количка.  

Поради овој инцидент, парламентот изјави дека ќе ја зајакне безбедноста. 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Залутан куршум оштетил возило во Карпош

Следно

Вандали оштетиле бисти на поети во Струга, главата на Анте Поповски ја фрлиле во Охридското Езеро

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian