Пропаднаа четвртина од подарок-вакцините од Бугарија, повлечени се откако им помина рокот

1 min read

Неискористените вакцини против Ковид-19 кои беа донација од Република Бугарија, се повлечени од употреба поради истек на рокот и ќе бидат уништени како медицински отпад, потврдија денеска од Министерството за здравство.

„Тринаесет илјади дози вакцини против Ковид 19, кои нашата земја ги доби како донација од Република Бугарија, денеска се повлечени од употреба поради истекот на рокот. Согласно законските процедури, вакцините ќе бидат уништени како медицински отпад“, наведуваат од МЗ.

Бугарија првпат најави дека ќе донира вакцини во Македонија уште во декември лани, а пратката потоа неколкупати повторно се најавуваше од Софија, но не доаѓаше.

Конечно, на 8 септември, бугарскиот парламент даде зелено светло за донацијата од 51.480 дози од вакцината „Фајзер” кои пристигнаа во Македонија осум дена подоцна, со рок на употреба кој истекува на крајот на истиот месец.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Мераклиски среден двор со четири машки раце: Кај Алексо на гости во Нова Битола

Следно

ВИДЕО: Историски ден за Ињаки Вилијамс на „Сан Мамеш“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian