Промоција на дигиталната платформа Europe Readr

1 min read

Во понеделник (4 октомври) во 19 часот во Театар „Комедија“ ќе се одржи книжевна вечер на која ќе биде промовирана дигиталната платформа Europe Readr, https://www.europereadr.eu/. Модераторка на настанот е Билјана Црвенковска, сценаристка, филозоф, книжевна авторка, преведувачка, уредничка и годинашна добитничка на специјалното признание за промотор на читачката култура на Саемот на книгата.

Извадоци од книгите на италијански, полски, словенечки и чешки јазик ќе читаат: Љиљана Узуновиќ, Андреј Јованчевски и Дарко Спасов. Во чест на ликот и делото на Блаже Конески и одбележување на стогодишнината од неговото раѓање, избор поезија од Блаже Конески ќе читаат: Благој Веселинов (МНТ Скопје) и Едмонд Сотир (Театар Комедија).

Иницијатор и координатор на проектот е словенечкото претседателство со Советот на ЕУ.

Организаторите информираат дека дигиталната платформа Europe Readr ги приближува актуелните социјални прашања до читателите ширум светот. Поттикнува размислување во каков свет сакаме да живееме и нуди можност Европската Унија да ја читаме како заедница во сета нејзина разновидност и во исто време како меѓусебно поврзана – како заедница со заедничка иднина.

Бројни придружни настани низ целиот свет – од Париз до Хелсинки, од Вашингтон до Пекинг – поттикнуваат воспоставување јавни простори за читање и размена на идеи за светот на иднината. Europe Readr воведува нова парадигма за европска соработка во културата, базирана на дијалог и промовирање на културата како двигател на одржлив развој и социјална вклученост.

http://kultura.gov.mk/

Претходно

Германците доаѓаат во Скопје без искусниот дефанзивец Хумелс

Следно

Петти ден од предизборната кампања, кандидатите нудат различни решенија за проблемите на граѓаните

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian