„Лидл“ во Холандија повеќе нема да продава цигари и тутун

1 min read

Повеќе од 400 продавници на Лидл во Холандија повеќе нема да продаваат цигари или тутун, објави германскиот ланец на продавници.  

Со овој потег, Лидл ја спречи владината забрана и стана првиот голем синџир што ги повлече тутунските производи од понудата, пишува Dutch news.  

„Лидл активно придонесува за создавање на генерации непушачи“, се вели во соопштението на компанијата.  

Лидл Недерландс ја поддржува иницијативата на неколку здравствени организации чија цел е „да им се даде можност на децата да растат без чад и да ги заштитат од штетните ефекти на пасивното пушење и искушението сами да почнат да пушат“. 

Од 2024-та година, тутунските производи ќе можат да се продаваат само на места со посебна дозвола. 

Холандската влада го пофали потегот на компанијата, која го објави уште во 2018-та година и постепено се прошири долж малопродажната мрежа.  

„Се надеваме дека нивниот пример наскоро ќе го следат и други ланци на супермаркети“, рече холандскиот министер за здравство Пол Блохуис.  

Од 2024-та година, тутунските производи во Холандија ќе можат да се продаваат само на бензински пумпи, специјализирани продавници, киосци и продавници што добиваат специјална дозвола.  

Од 2023 година, продажбата на ваквите производи преку интернетот исто така ќе биде забранета. 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Спогодба од милиони долари: Скарлет Јохансон и „Дизни“ се договорија за „Black Widow“

Следно

Царовска најави дека сместувањето во студентските домови најверојатно ќе почне од утре

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian