Лазаров се стекна со највисоката тренерска лиценца на ЕХФ

1 min read

Капитенот и селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров од денеска е сопственик на највисоката тренерска диплома на ЕХФ, Мастер-коуч.

Лазаров го положи последниот тест на кој ја анализираше темата „Репрезентација на Шпанија на Европското првенство во Австрија, Шведска и Норвешка 2020 година – освојувач на златен медал (структура на тимот, применета стратегија и оцена на играчи)”.

Со овој сертификат, само се зголеми македонската група на тренери со највисоката лиценца на ЕХФ.

Селекторот на нашата најдобра селекција дебитираше со победа на натпреварот против светскиот првак Данска на почетокот од годината, а потоа ја одведе Македонија на Европското првенство во Словачка и Унгарија.

Лазаров ја водеше и кадетската селекција во финалето на ЕХФ Шампионатот во Скопје. Во својата богата кариера нашиот најдобар ракометар работеше со големи тренерски имиња како Јевремовиќ, Червар, Душебаев, Пасквал, Раул Гонзалез и др.

Кирил Лазаров е сопственик на највисоката тренерска диплома на ЕХФ, Мастер-коуч/Фото: facebook.com/lazarovkiril7/

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Заев: Самоопределбата за попишување на дијаспората ја прави разликата на попишаните со вкупниот број гласачи

Следно

Ретрограден почеток на есента: 6 планети се движат во погрешна насока

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian