ФОТО | Како од мајка родена: Бритни Спирс ужива во слободата

2 mins read

По долги години борба Бритни е слободна и ужива во секој миг. Пејачка ја прослави оваа победа со голи фотографии кои повторно ги сподели со своите фанови. Интимните делови ги покри со емотикон – цвет, а најубавиот подарок по овој долго очекуван момент веќе го доби – веренички прстен со огромен дијамант од нејзниот вереник.

Игрите на Пацификот никогаш не повредиле никого.! Псссс, фотографиите не се уредувани…, стои во описот на објавата која повторно ги разгоре социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)

Пејачката е конечно ослободена од стегите на старателството од нејзиниот татко, кој 13 години го контролираше нејзиниот живот.

Во тричасовно сослушување судијката Пени од судот во Лос Анџелес ја повлече дозволата Џејми Спирс да го надгледува имотот на Бритни вреден 60 миниони долари, закажувајќи датум во ноември за дополнително сослушување на кое ќе се разгледува целосно укинување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)

Одлуката беше донесена по итна постапка и стапува на сила веднаш, откако беше разоткриено во каква неподнослива и манипулативна околина се наоѓа пејачката.

Моменталната ситуација не е поднослива. Ова рефлектира токсична околина која бара итно суспендирање на Џејми Спирс, ефективно од денес, изјави судијката Пени.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)

Иако не беше лично присутна на сослушувањето, Бритни го користи секој миг да ја слави оваа „победа“. Вчера, пејачката објави видео на социјалните мрежи на кое таа седи на копилотското седиште во мал авион и ја превзема контролата на летот од пилотот, како што ќе може да направи и со сопствениот живот.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Aндоновиќ: Решена последицата останува проблемот – сите страни задоволни

Следно

Премиера на „Вишновата градина“ во Турскиот театар

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian