Ќерката на Кејт Мос е инспирација: Зачекори на пистата со пумпа за дијабетес

3 mins read

Лила Мос, ќерката на легендарната супермоделка Кејт Мос, не само што зачекори на пистата по стапките на својата мајка, туку успеа и да инспирира со еден храбар потег – зачекори со својата пумпа за дијабетес на нејзиниот колк.

Во новата ера на манекенство каде дуото мајки-ќерки ги доминираат приказните во модниот свет, по серијата модни недели овој месец се појави нова ѕвезда.

„Колку инспиративно!“ беше реакцијата на интернет публиката.

Лила беше поздравена од многу фанови и славни личности кога храбро ја износе пумпата за дијабетес на својот колк, а гестот го трогна делот од публиката кои, исто како неа, имаат дијабетес 1.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Trezle (@trezlestyle)

Мајката и ќерка Кејт и Лила Мос зачекорија заедно на иста писта за време на специјалната ревија „Fendi X Versace“ која беше дел од Миланската Модна Недела.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kate Moss (@wheresmossy)

Ќерката на Кејт Мос која пред само два дена го прослави својот 19-ти роденден, дебитираше на модната писта, а јавноста забележа дека „крушка под круша паѓа“ кога таа зачекори на иста ревија со нејзината мајка.

На пистата на ревијата „Fendi X Versace“ 47-годишната Кејт, која чекореше покрај Амбер Валета, носеше црн мини фустан со отвор на деколтето, „чокер“ со златни Фенди елементи и наметка од Версаче.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DATE WITH VERSACE (@datewithversace)

Нејзината ќерка Лила чекореше во едноделен костим за капење во бело-златен автентичен Версаче принт, кој беше спарен со твид јакна на Фенди, а аутфитот изобилуваше со испреплетени симболи од двете марки.

Но најнеобичен додаток на овој аутфит беше Омнипод пумпата за дијабетес која можеше да се забележи на колкот на младата Лила. Новата манекенка храбро и гордо го износе овој лесно-забележителен детал, откако во 2020 година за прв пат разоткри во интервју дека има дијабетес тип 1.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lila Grace (@lilamoss)

„Мислам дека многу луѓе не знаат дека имам дијабетес. Не е видливо однадвор, па никој не би знаел навистина само погледнувајќи те“, изјави Лила во интервјуто.

Ревијата „Fendi X Versace“ беше историска, и прва од овој тип во модниот свет, каде две големи модни куќи ги заменија своите креативни директори и создадоа капсулна колекција за другиот бренд. Донатела Версаче дизајнираше комплетна линија за Фенди, а Ким Џонс креираше линија за Версаче, а ревијата се одржа минатата недела во склоп на изданието на Миланската Модна Недела за сезоната пролет/лето 2022.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Динамо Букурешт покажува интерес за Даниел Аврамовски

Следно

ПРИВРЕМЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ НА ГРАДСКИТЕ УЛИЦИ ЗА ВРЕМЕ НА СКОПСКИОТ МАРАТОН 01.10.2021

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian