Експериментален лек против ковид го намалува ризикот од смрт за 50 проценти

2 mins read

Експерименталниот лек против ковид-19 на компанијата Мерк и Ко, молнупиравир, ги намалува шансите за хоспитализација или смрт кај пациенти склони кон потешка инфекција за околу 50 проценти, според привремените резултати од клиничките испитувања објавени денеска.  

Мерк и Ко заедно со нивниот партнер Риџбек Биотерапеутикс планираат веднаш да побараат одобрение за лекови од САД, а подоцна и од регулаторните агенции ширум светот, пренесува Ројтерс.  

„Ова ќе го промени начинот на кој се бориме против ковид-19“, рече Роберт Дејвис, извршен директор на Мерк. 

Доколку биде одобрен, молнупиравирот, кој работи со тоа што прави грешка во генетскиот код на вирусот, ќе биде првиот орален антивирусен лек против ковид-19.  

Ривалите, вклучително и Фајзер и швајцарската фармацевтска компанија Рош, се тркаат за развој на антивирусни таблети. Досега, одобрени се само коктели за антитела, дадени интравенозно, за третман на заразени пациенти кои не се хоспитализирани.  

Тие планираат да произведат десет милиони пакети до крајот на годината  

Научниците го поздравија потенцијалниот нов лек за спречување на потешки форми на ковид-19, што досега уби речиси пет милиони луѓе ширум светот. 

„Достапноста на ефективен орален антивирусен лек без несакани ефекти ќе биде особено корисна покрај вакцинацијата и намалувањето на хоспитализацијата“, рече Пени Вард, професор по фармацевтска медицина на Кингс колеџ во Лондон.  

Мерк очекува да произведе десет милиони пакувања со лекот до крајот на 2021 година, а повеќе дози ќе бидат достапни следната година. Компанијата има договор со американската влада за 1,7 милиони кутии молнупивир по цена од 700 долари по кутија. Во Мерк, тие не можеа да проценат колку долго ќе треба американската администрација за храна и лекови да го процени лекот. 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Скопјанец погоден со дијабола од воздушна пушка

Следно

Нови 412 случаи на коронавирус и 12 починати лица

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian