Моментно во најсилната романска лига после 10 кола сезонава Динамо Букурешт не котира добро и се наоѓа на претпоследната 15 позиција со шест бодови.
Поради слабиот квалитет на екипата, нејзиниот тренер Мирчеа Редник е во потрага по нови и добри засилувања.
Како што известува романскиот медиум „GSP“ на листата желби на Динамо (Б) се наоѓа 26-годишниот играч за врска во нападот, Даниел Аврамовски.
Македонскиот фудбалер стана слободен агент после разделбата со турскиот клуб Кајсериспор во текот на минатиот месец.
Во текот на својата кариера беше дел уште од Вардар, Работнички, словенечката Олимпија, и српските Војводина, Црвена звезда и ОФК Београд.
Минатата натпреварувачка сезона имаше 24 настапи, со два постигнати голови и четири асистенции.