Блинкен во посета на Париз ќе ја смирува тензијата со Франција

2 mins read

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ќе патува во Париз за да ги смири тензиите со Франција поради договорот меѓу Велика Британија, САД и Австралија, што доведе до поништување на австралиско-францускиот договор за купување подморници во вредност од десетици милијарди. 

Блинкен ќе претседава со состанокот на Советот на министри (МСМ) на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) и ќе ја одбележи 60-годишнината на организацијата од 4-ти до 6-ти октомври, соопшти денеска Стејт департментот, пренесува Ројтерс.  

Помошник државниот секретар за Европа, Карен Донфрид во петокот им призна на новинарите дека „подобри и поотворени сојузнички консултации“ ќе помогнат пред кризата со подморниците. 

Враќање на довербата  

Таа изрази разбирање за гледиштето на Французите, но според неа не се потребни само зборови, туку и дела за да се врати довербата. Минатиот месец, САД формираа одбранбен сојуз АУКУС со Австралија и Обединетото Кралство без да се консултираат со европските сојузници, што предизвика дипломатска криза со Франција, која загуби договор од 56 милијарди евра со Австралија за продажба на подморници.  

Донфрид рече дека Блинкен ќе ја нагласи важноста на партнерството со Франција за време на неговата посета. Засега не е познато дали ќе се сретне со претседателот Емануел Макрон. 

Блинкен ќе се сретне со својот француски колега за да ги продолжи разговорите за понатамошно зајакнување на „виталните американско-француски односи“. Тие, исто така, ќе разговараат за други прашања, како што се економското закрепнување по пандемијата и климатската криза.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Мераклиски среден двор со четири машки раце: Кај Алексо на гости во Нова Битола

Следно

ДУИ: Фокусот ќе биде на гасификација, железници, дигитализација, канализација и водоснабдување

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian