Златан во елемент, со песна на Нада Топчагиќ ги решава проблемите во Милан

1 min read

Златан Ибрахимовиќ подолго време е надвор од терените поради повреда на коленото, на негов начин го најави враќањето во првиот тим на Милан.
Неговите соиграчи во второто коло во Лигата на шампионите загубија од Атлетико Мадрид со 1:2, а победничкиот гол го постигна Луис Суарез од пенал во 97 минута.

„Росонерите“ од 30 минута останаа со играч помалку откако Френк Кеси беше исклучен, поради што бурно реагираше Анте Ребиќ. Хрватот ја загуби контролата и му се внесе во лице на судијата Чакир по што останатите играчи на Милан спречија поголеми тензии.

Потоа тренерот Стефано Пиоли го извади нервозниот Ребиќ од игра, а случувањата на теренот беа причина за Ибрахимовиќ да се огласи на социјалните мрежи.

Златан на Инстаграм објави заедничка фотографија со Ребиќ и тоа со неговата омилена песна „Утро е“ од Нада Топчагиќ и притоа напиша:
„Се е под контрола, тато е тука“

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Нуредини: Кога сум во Тетово приватниот автомобил го користам и за министерски обврски

Следно

Фон дер Лајен ги пофали српските власти за реформите и порача дека ЕУ го поддржува европскиот пат на Србија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian