Вториот највисок врв во Европа се намали за еден метар од 2017-та година поради климатските промени, објавија вчера француските експерти.
Научниците веруваат дека Мон Блан губи просечно 13 см во висина секоја година, пишува Дејли меил.
Мон Блан се мери на секои две години за да создаде модели на ниво на мраз.
„Висината на Мон Блан постојано варира. Сега останува климатолозите и другите научници да ги прегледаат собраните податоци и да излезат со теории кои го објаснуваат овој феномен“, рекоа експертите на прес-конференција во Сен-Жерве-ле-Бен.
Според научниците, висината на планината варира од година во година, бидејќи врвот е покриен со слој од постојан снег, чија висина варира во зависност од интензитетот на ветрот и количината на врнежи.