Силните дождови кои деновиве ја зафатија Индија предизвикаа лизгање на земјиштето во повеќе делови од земјата, а најголема штета имаше во северната држава Химахал Прадеш.
Индиските медиуми денеска пренесоа снимка на која се гледа уривањето на голема зграда изградена на стрмен рид во градот Шимла, која се претвори во пепел за само неколку секунди.
Според Судеш Кумар Мохта, претставник на државната агенција за справување со природни непогоди, никој не бил повреден, поради тоа што зградата била навреме евакуирана.
Властите наредија истрага околу изградбата на зградата, која при падот оштетила неколку околни објекти.