ВИДЕО: Партизан ита кон нокаут-фазата, Рома силна и во Украина

1 min read

Белградски Партизан триумфираше и во својот втор натпревар сезонава во новоформираното УЕФА натпреварување, Конференциската лига, откако дома со 2:0 ја совлада естонската Флора.

Сите дилеми околу победникот беа решени уште во првото полувреме, двоен стрелец за српската екипа беше Марковиќ, првиот гол во 20 и вториот во 42 минута.

Во истата група „Б“ на три бодови се радува и белгискиот Гент кој го надигра Анортозис од Кипар (2:0).

И Рома во групата „Ц“ сигурно чекори кон нокаут-фазата, овојпат римската „волчица“ доминираше на гостувањето во Украина против Зорја Луханск (0:3).

Во триумфот по еднаш во листата на стрелците се запишаа Ел Шаарави во седмата, Смолинг во 66 и Абрахам во 68 минута на теренот во Запорожје.

Во другите денешни мечеви од второто коло во Конференциската лига: Алашкерт – ХЈК 2:4, АЗ Алкмаар – Јаблонец 1:0, Клуж – Рандерс 1:1, ЦСКА Софија – Бодо Глимт 0:0 и ЛАСК – Макаби Тел Авив 1:1.

Елмас го има најбрзиот гол во Лига Европа за италијански клуб

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Д-р Мехмедовиќ е песимист: Нѐ чека тешка есен со коронавирусот, кампањата и изборите нема да помогнат

Следно

Словенечкиот уставен суд ја суспендира одлуката за задолжителна вакцинација на државните службеници

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian