ВИДЕО: Адеми и Ристовски успешни во Генк, прекрасен гол на Канга за Црвена звезда

2 mins read

Составот на Динамо Загреб дојде до првиот триумф сезонава откако славеше убедливо со 0:3 против Генк во Белгија во второто коло од Лига Европа.

За хрватскиот клуб настапија двајцата македонски репрезентативци, Аријан Адеми кој беше стартер играше до 64 минута кога беше заменет од Гојак, а целиот натпревар го одигра Стефан Ристовски.

Кај „модрите“ двапати во листата на стрелците се запиша Петковиќ од пенал (45+3`, 67`), а претходно гол серијата ја започна Иванушец во 10 минута од средбата во „Луминус“ Арената во Генк.

Во истата група „Х“ Вест Хем со головите на Рајс и Бенрахма минута славеше над Рапид Виена. На табелата со шест бодови води Вест Хем, пред Динамо Загреб и Генк кои имаат по три, а без бодови е Рапид Виена.

Црвена звезда дојде и до вториот триумф во групата „Ц“ овојпат во Бугарија над Лудогорец (0:1). Голот за белградските „црвено-бело“ беше дело на интернационалецот од Габон, Канга во 64 минута. Во вториот меч од истата група Брага со 3:1 триумфираше над Митјиланд. На табелата води Црвена звезда со шест бодови, три има Брага, по еден Лудогорец и Митјиланд.

Во другите денешни мечеви од второто коло во Лига Европа: Селтик – Баер Леверкузен 0:4, Ференцварош – Бетис 1:3, Лацио – Локомотив Москва 2:0 и Марсеј – Галатасарај 0:0.

Елмас го има најбрзиот гол во Лига Европа за италијански клуб

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Алачки: Берово ќе биде на светската карта на најатрактивни туристички дестинации

Следно

Прв докажан случај за трговија со бебиња во Србија: Млаѓан по 40 години ги дознал вистинските родители

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian