УЕФА не дозволува Врањеш да игра со тетоважа на четнички војвода

1 min read

Европската фудбалска федерација (УЕФА) му забрани на фудбалерот на АЕК Атина, Огњен Врањеш да игра на европски натпреварувања со тетоважа на четничкиот војвода, Момчило Џујиќ.

УЕФА отвори истрага против Врањеш по натпреварот од второто квалификациско коло за поласман во Лигата на Конференции помеѓу АЕК и Вележ.

Организацијата за борба против расизмот во фудбалот, ФАРЕ опиша дека Врањеш има тетоважа со „мотиви кои повикуваат на фашизам“, и на оваа пријава на својот официјален партнер во борбата за расизмот, реагираше и УЕФА, која донесе одлука дека фудбалерот на натпреварите под капата на УЕФА, мора да ја покрие спорната тетоважа.

Спорната тетоважа на фудбалерот на АЕК/принтскрин/Инстаграм

Огњен Врањеш е познат по скандалите на и надвор од терените. Тој минатата година заедно со својот брат беа уапсени во Бања Лука поради нанесување на тешки телесни повреди на непознато лице.

Врањеш исто така е познат и по секс-аферата со позната српска турбо фолк пејачка Јелена Карлеуша.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Заев: Не ме интересира кој пукаше во Чаир, секој да си одговара

Следно

Приштина и Белград постигнаа договор за деескалација, косовските специјалци се повлекуваат од границата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian