Тотална катастрофа: Куман засега е сигурен на клупата бидејќи Барселона има само 2.9 милиони евра за нов стручен штаб

2 mins read

Барселона се наоѓа во нок-даун, по две кола во Лигата на шампионите има два порази од по 3:0, а не и цветаат розите ниту во Ла Лига, додека финансиската состојба е катастрофална, долговите на каталонскиот тим изнесуваат околу 1.3 милијарди евра.

Состојбата на Барселона најдобро ја отсликуваат на шпанските медиуми, „Мундо Депортиво“ пишува дека „Барселона е како боксер во нок-даун“, мадридска „Марка“ пишува: Тотална катастрофа, додека „Ас“ оди со наслов: Потопени.

По поразот од Бенфика во Лисабон, претседателот Жоан Лапорта имал состанок со фудбалерите, а потоа и со управата на клубот, шпанските медиуми шпекулираат со името на наследникот на Роналд Куман.

Постојано се вртат имињата на Чави Ернандез, Роберто Мартинез, Андреа Пирло и на Марсело Галјардо, но шансите да се ангажира некое од овие тренерски имиња се многу мали.
Имено, познатиот шпански новинар Роберто Бајон кој пишува за финансиите во шпанскиот фудбал, денеска објави дека Барселона не може да ја најде замената за Роналд Куман поради финансиите, каталонскиот тим има на располагање само 2.9 милиони евра за нов стручен штаб.

Ова е сума и за главниот тренер, и за помошниот како и за кондицискиот тренер. Правилата на Ла Лига дозволуваат екипите за стручен штаб да издвојат само четири проценти од одобрениот буџет за плати.

Токму поради ова, Барселона има голем проблем во текот на сезоната да ангажира врвно тренерско име кое сигурно нема да гарантира инстант успех, а стравувањата се дека клупската легенда Чави би можел брзо да биде потрошен и да замине во заборав.
Исто така проблем претставува и клаузулата во договорот на Куман според која Холанѓанецот ќе добие 14 милиони евра отштета доколку добие отказ во текот на сезоната.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ДИК одби два приговори за предвремено почната изборна кампања

Следно

ВИДЕО | Цеца во сериозен клинч со Саша Поповиќ: Не дојдов овде за ти да ме малтретираш

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian