Средба Јанша – Џонсон во Лондон, главна тема: Состојбата на Западен Балкан

2 mins read

Словенечкиот премиер Јанез Јанша денеска во Лондон се сретна со британскиот премиер Борис Џонсон, со кого разговараше за билатералните односи и голем број регионални и меѓународни теми, пренесува Дело.си.

Според Даунинг стрит, Џонсон и Јанша разговарале за билатералните односи меѓу двете земји во изминатите 30 години, вклучително и трговски прашања и работата на надворешно-политички прашања од заеднички интерес.

Меѓу другото, Џонсон и Јанша „се согласија дека треба да се охрабрат стабилноста и просперитетот на целиот Западен Балкан”, се вели во соопштението на британската Влада.

Словенија моментално претседава со Советот на ЕУ, а еден од нејзините приоритети е побрзата европска интеграција на земјите од Западен Балкан, меѓу другото и од геополитички причини поради опасноста од зголеменото влијание на „третите” актери во регионот. Следната недела, Словенија организира неформален самит ЕУ-Западен Балкан.

Јанез Јанша на посета во Лондон, на средба со Борис Џонсон/ Фото EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA/POOL

Јанша и Џонсон, исто така, разговараа за борбата против ковид-19 и важноста од што е можно помасовно вакцинирање со цел да се отворат економиите, а се согласија и за важноста од борбата против дезинформациите што се појавуваат во кампањите за вакцинација.

Џонсон, исто така, ја изразил „длабоката загриженост” на британската Влада за протоколот за Северна Ирска и „влијанието што го има врз луѓето и заедниците во Северна Ирска”.

Тој „ја нагласи потребата ЕУ да се вклучи во изнаоѓање одржливо решение” за ова чувствително прашање меѓу Лондон и Брисел, велејќи дека таквото решение нема да го загрози Договорот од Велики петок, кој обезбеди мир во Северна Ирска по години на конфликт.

Јанша и Џонсон, исто така, разговараа и за голем број надворешно-политички прашања, вклучувајќи ја и „важноста на стабилноста во индо-пацифичкиот регион”.

Во Лондон, Јанша се состана и со новата британска министерка за надворешни работи Лиз Трус, со претставници на делегацијата на ЕУ во Велика Британија, и го посети Британскиот центар за борба против кибер-напади

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Штипската бајка на Јадранка: Цвеќињата му даваат живот на мојот живот!

Следно

ВИДЕО | Д-р Мехмедовиќ е песимист: Нѐ чека тешка есен со коронавирусот, кампањата и изборите нема да помогнат

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian