Ризваноли: Косовската влада го отфрли проектот за гасоводот

1 min read

Министерката за економија на Косово, Артане Ризваноли, објави дека Владата на Косово нема да продолжи со проектот за поврзување на земјата со постојниот гасовод во Република Северна Македонија, проект поддржан од американската ССК, пренесува Газета експрес.  

Ризваноли изјави дека им се потребни повеќе информации за проектот за гасоводот за да знаат дали тоа е соодветен проект за енергетската транзиција на Косово.  

„Соочени со временските рокови на ССК, решивме да одиме подалеку и да ги искористиме доделените средства за компактна програма, за инвестиции со помал ризик, но кои му помагаат на Косово да го декарбонизира енергетскиот сектор и да создаде услови за економски развој и развој на самиот сектор“, изјави Ризваноли на денешната прес -конференција. 

Косово се двоуми околу гасоводот, Владата уверува дека нашиот план не се менува

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Д-р Мехмедовиќ е песимист: Нѐ чека тешка есен со коронавирусот, кампањата и изборите нема да помогнат

Следно

ФОТО | Штипската бајка на Јадранка: Цвеќињата му даваат живот на мојот живот!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian