Реакција на кандидатот за градоначалникот на Тетово, уништени синоќа билбордите со ликот на Вулнет Мурсели

2 mins read

По синоќешното вандализирање на кампањски билборди во Тетово, реагираше Вулнет Мурсели, кандидат за градоначалник на Тетово од страна на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива дека се уништени билборди со неговиот лик. 

СВР-Тетово соопшти дека кај нив ноќеска во 01.35 часот било пријавено дека на ул.„Илинденска“ од страна на неколку лица кои се движеле со патнички моторни возила „Голф“ и „Ауди“ црна боја со затемнети стакла, биле одлепувани плакатите, а во близина на бензиската пумпа на „Макпетрол“ бил и искршен билборд на кој бил истакнат кандидатот за градоначалник од политичката партија Алијанса на Албанците.

Вандалите се запрени од страна на полициска патрола која по легитимирањето констатира дека во патничкото моторно возило „Ауди“ се наоѓа Мендух Тачи (актуелен пратеник од политичката партија ДПА). По извршената консултација со ЈО лицата веднаш се ослободени, а по преземање на соодветни мерки настанот ќе се процесуира по редовна постапка.

-Ваквите вандализми се срамни намери на неуспешни индивидуи во политиката со намера да ги вовлечат во нивното срамно оро нашите активисти. Ги уверуваме симпатизерите, гласачите, но, посебно сите граѓани на Тетово и околината дека коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива и тимот на господин Вулнет Мурсели не паѓаат на нивото на тие што ги опфатил страв и паника од губење на изборите кое ги очекува. Очекуваме од истражните органи и тие на обезбедувањето на ред и мир да го расветлат ова срамно дело и сторителите да бидат казнети според законот и кривичниот законик. Кампањата на г. Вулнет Мурсели ќе биде позитивна, бидејќи таков е и кандидатот, но, и вољата на граѓаните на Тетово. Ние се натпреваруваме со најдобрата програма и понуда, се ангажираме да го вратиме достоинството на Тетово и на граѓаните, надежта и оптимизмот, стои во реакцијата од Алијанса на Албанците и Алтернатива од каде додаваат дека победата на Мурсели е неизбежна и сигурна.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дачиќ: Курти има своја динамика, политички преживува поради инциденти

Следно

Најсреќен ден во животот на МВП играчот на НБА лигата, Јокиќ стана татко

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian