Прв докажан случај за трговија со бебиња во Србија: Млаѓан по 40 години ги дознал вистинските родители

2 mins read

Млаѓан Радивојевиќ од Алексинац денеска се појави во Крушевац со биолошка сестра и ДНК анализа, со што се потврдува дека бил украден како бебе и предаден на друго семејство, пренесува Мондо.рс.

Пред четири години, тој поднел кривична пријава до „Здружението за вистина и правда за бебиња“ дека бил киднапиран. Засега, Млаѓан е првата личност за која е докажано дека е украден како бебе.  

Тој бил земен од мајка му во породилното одделение на Општата болница во Крушевац пред 40 години и однесен во Алексинац со семејството Радивојевиќ, кои немале деца.  

Млаѓан прво се посомневал дека е посвоен кога се оженил, бидејќи изводот од матичната книга на родените не одговарал на податоците на неговите родители. Сега тој ги пронашол своите биолошки родители со ДНК анализата. Тие живеат на околу 30 километри од Крушевац.  

„Имам сестра, мајка и брат. Знам чиј сум”, рече Млаѓан.  

Неговата сестра Марина изјави дека за целата приказна дознала пред два дена, како и дека била лута бидејќи нејзината мајка никогаш ништо не спомнала.  

Радиша Павловиќ, член на Комисијата што стои зад истрагата за кражба на исчезнати бебиња, зборуваше во врска со овој случај: “Млаѓан и Марина ни ја отвораат вратата. Тоа било направено за време на СФРЈ, не велам дека и сега се киднапираат деца. Киднапирањето на детето беше докажано во 1981 година. Семејството е пронајдено, кругот е затворен “, рече Павловиќ, додавајќи дека тие сега се задолжени за овој потег. 

Млаѓан е првиот докажан случај на оваа афера. Многу родители се уште ја бараат вистината за бебињата за кои се тврди дека биле украдени од породилиштата во поранешна Југославија. 

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Адеми и Ристовски успешни во Генк, прекрасен гол на Канга за Црвена звезда

Следно

Италија: Градоначалник кој им помагаше на мигрантите осуден на 13 години затвор

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian