Потресната приказна на Тајчи: зошто југословенската ѕвезда ја напушти кариерата на 21 година

6 mins read

Кој се сеќава на „лудувањето оваа вечер“ и забавната разиграна русокоса Тајчи во розев мини фустан? Кој би рекол дека зад нејзиното заминување од сцената стои темна, а не некоја „порозова“ приказна?

Балканската поп ѕвезда Татјана Камерон, во 90-тите попозната како Тајчи, се откажа од кариерата и напушти сè на возраст од само 21 година заминувајќи за Америка. Својата приказна одлучува да ја раскаже дури 30 години подоцна, велејќи дека се работи за приказна за патешествитето како човек да започне да се сака себеси, приказна која многу ја делат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tajci (@tajcicameron)

„Се занимавам со музика од моја 4-годишна возраст, тоа не беше успех преку ноќ, за мене тоа беше нуспојава. Со 17 години со „Ноќ од кристали“ победив на загребскиот фестивал, бев секаде, што беше логично продолжение на тој мој вложен труд, а мојата цел беше да се занимавам со музика и низ неа да создадам нешто убаво, да им го разубавам денот на луѓето“, започнува да раскажува.

Погледнувајќи го својот настап на Евровизија во 1990 година ќе искоментира дека тоа еден сосема друг свет и друга реалност, во која таа не би морала да помине низ некои работи ако некои други работи би биле поинаку поставени.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tajci (@tajcicameron)

„Страшно интензивна слава, никогаш порано такво нешто се нема случено затоа што тоа не била само згодна песна или хит, туку општо доживување на сите нас. Како 19-годишна не сум била подготвена за тоа, на тоа чувство… Тоа не беше регуларна слава, во тој момент не сум имала алатки ниту ментална подршка ни некој кој би ми помогнал околу тоа.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tajci (@tajcicameron)

Тогашниот нејзин менаџер и ментор, Зринко Тутиќ, се обидувал со сите напори да ја одвлече од идејата и одликата да напушти сè и да замине за Америка.

„Тоа ми беше тешко, си отидов затоа што не знаев на кој начин да функционирам. Јас имав тешки работи низ кои поминав и пред да ми се случи славата. Не си отидов затоа што сакав да правам кариера на друго место или затоа што сум била лута, туку затоа што не гледав друг излез.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tajci (@tajcicameron)

Како што самата ќе каже, „со два куфери и стотина долари в џеб“ ќе направи радикална одлука да го напушти животот тука и да започне нов.

„Како општество не бевме доволно освестени околу ментални проблеми. Ние тогаш не зборувавме за менталното здравје, нити за депресија, нити за анксиозност… Во еден момент посакав сето тоа да престане. Имав озбилни самоубиствени мисли, или ќе го спасам својот живот, или ќе преминам на дрога.“

Ќе признае дека е вистина дека не знаела да комуницира за тешкотиите затоа што немало ни речник ни освестеност кога се препознава дека се работи за тоа, а немала ни нејзината екипа. Тоа не беше затоа што јас бев размазено дете, ќе додаде.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tajci (@tajcicameron)

По пет години поминати во Њујорк, Тајчи се сели во Лос Анџелес каде се запознава со сопругот Метју, сега веќе починат. Ќе бидат во брак 17 години и заедно ќе имаат три сина.

„Тоа беше тешко затоа што татко ми исто заболе од рак на мозок. Кога тато беше болен, Метју беше покрај мене. Месец дена пред мојот сопруг да почине имав еден момент кога се опуштив од тој страв, месец дена по тоа смирување Метју се разболе“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tajci (@tajcicameron)

По смртта на нејзиниот татко ќе започне да се лечи од депресија, а ќе и требаат неколку години терапија за да може да ги препознае последиците од тоа што ѝ се има случено. Тоа што се’’ уште е толкаво табу и како жени не сакаме ниту да признаеме дека ни се случило, ниту да разговараме за тоа, го комплицира изнесувањето на тоа од себе, пред се’’ затоа што не знаеме дали се случува затоа што самите сме го барале, или дали е тоа нормално.

„Една жена ми дојде, ме фати за рака и се прегрна околу мене и ми шепна: „Бев силувана на 17 години. Никому никогаш не кажав. Ти си првата личност.““

Тоа бил моментот кога ќе сфати дека сака да подигне свест за тоа и да проговори во име на другите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tajci (@tajcicameron)

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Фон дер Лајен ги пофали српските власти за реформите и порача дека ЕУ го поддржува европскиот пат на Србија

Следно

ЈП „Градски паркинг“ – Скопје: Од 1 октомври почнува зимското сметање на работното време

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian