По скандалот, Град Скопје го прекина договорот со Првиот скопски извиднички одред

1 min read

Град Скопје се оградува од активностите на Првиот скопски извиднички одред кои предизвикаа реакции во јавноста.

– Сакаме да информираме дека во проектната документација доставена до нас, ја нема наведено спорната активност ниту имаат доставено каква било информација која би укажала на одржување на истата. Дополнително, учесниците на настанот учествувале во приватна режија и не биле организирани од училиштата. Имајќи предвид дека настанот кој се случил предизвика лавина негативни реакции во јавноста и не шокираше и нас како институција, Град Скопје го прекинува договорот со Првиот скопски извиднички одред – соопштија од Градот.

Од таму додаваат дека ја споделуваат загриженоста и осудите од страна на стручните лица и општата јавност и се согласуваат дека сексуалното образование не може да се спроведува од ентузијасти туку исклучиво од професионалци во областа.

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Разговор со Мери Арсова, македонската Агата Кристи: Најдобрите идеи ги добивам под туш или пред спиење

Следно

САД и Русија денеска на втора рунда преговори за контрола на стратешкото вооружување

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian