Никола Јокиќ за одличните игри минатата сезона беше најграден со МВП наградата за кошаркар на сезоната во НБА лигата, но не обожува да ги прозива противниците.
Еден од таките ретки моменти го откри соиграчот на Јокиќ во Денвер нагетс, Џамал Мареј и кој се случил на натпреварот против Јута џез за која игра најдобриот дефанзивец во НБА лигата, Руди Гобер.
Но, Гобер иако претставува страв и трепет за противниците под кошевите, не се снаоѓа најдобро во дуелите со Јокиќ.
Доказ за тоа е натпреварот кој се играше во јануари годинава и на кој Денвер славеше со 128:117, а најголема жртва беше токму Гобер бидејќи Јокиќ натпреварот го заврши со 47 постигнати поени.
Мареј открива еден момент во кој Јокиќ го „истрола“ Гобер.
– Оставете го, мој е, го имам – им викаше Гобер на соиграчите кои се обидоа да го удвојат Јокиќ под кошот.
– Јокиќ му одговори:Брату, постигнав 47 поени како ме имаш? – ја раскажува Мареј преписката помеѓу Јокиќ и Гобер.