Ѕвездата на Денвер нагетс и актуелен МВП на НБА лигата, Никола Јокиќ стана татко.
Неговата сопруга Наталија утринава се породи и на свет донесе девојче. Никола и Наталија одлучија ќерката да им се вика Огњена.
Никола Јокиќ кој се подготвува за стартот на новата сезона со Денвер нагетс, изминатото лето не беше дел од репрезентацијата на Србија на олимпискиот квалификациски турнир за пласман на Олимписките игри во Токио токму поради податокот дека неговата сопруга беше во блажена состојба.
Јокиќ поради таквата одлука стана цел на критики на фановите бидејќи селекцијата на Србија не се квалификува на Игрите во Токио, но кошаркарот донесе одлука да биде покрај својата бремена сопруга.