Младинска ЛШ: Шкендија поразена во првиот меч од Хајдук Сплит

1 min read

Денеска во првиот натпревар играчите на Шкендија до 19 години во Скопје загубија во првиот натпревар од првата рунда во младинската Лига на шампионите од Хајдук Сплит со 2:0.

Реваншот ќе се одигра во Хрватска на 20 октомври, а победникот од овој двомеч во следната фаза ќе игра со подобриот од пресметката Даугавпилс – Минск. Минск во првите 90 минути славеше со 4:0.

Головите за Хајдук Сплит ги реализираше Филип Чуиќ, првиот во 28, а вториот во 55 минута од мечот на ФФМ Тренинг центарот. Противникот беше убедливо подобар во сите 90 минути. Воглавно се играше само на половината на Шкендија.

Младинската ЛШ е поделена на два дела. Во првиот се играат истите 32 екипи како во сениорската ЛШ и се еднакво распоредени во осум групи.

Во вториот дел, во делот каде што е ФК Шкендија се уште 32 клубови кои играат во нокаут-систем. Во тој дел се јуниорите кои ги освоиле првенствата на своите држави, но нивните сениори не се пласираа во Лигата на шампионите.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Димитров: Од самитот ЕУ – Западен Балкан на регионот му треба јасно ветување за европската иднина

Следно

Мицотакис: Нeма трка за вооружување со Турција, ние го штитиме грчкиот интегритет

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian