Мицотакис: Не ја поддржуваме Бугарија во блокадата, тоа е непотребна компликација

2 mins read

Јасна порака дека Грција не ја поддржува Бугарија во блокадата на европската перспектива на Северна Македонија, испрати грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на неговото учество на „Атинскиот демократски форум”, истакнувајќи дека тоа е „непотребна компликација”, јави дописничката на МИА од Атина.

За време на дискусијата со Стивен Ерлангер, уредникот на дописништвото од Европа на „Њујорк Тајмс”, грчкиот премиер говореше за низа актуелни теми во Грција, меѓу кои и за интеграцијата на Северна Македонија во Унијата.

– Не. Не ја поддржуваме Бугарија. Сметаме дека е непотребна компликација, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на прашањето дали Грција е на страната на Бугарија во блокирањето на ЕУ-перспективата на Северна Македонија.

Грчкиот премиер се осврна на претстојниот Самит ЕУ- Западен Балкан во Словенија, истакнувајќи дека оттаму треба да се прати јасна порака дека Западниот Балкан припаѓа во Европа.

– За неколку дена ќе сретнеме во Словенија. Треба на Западен Балкан да му понудиме јасна европска перспектива. Треба отворено да разговараме за проширувањето. Треба да пратиме сигнал дека за 10-15 години, колку и да е потребно, но дека Западен Балкан припаѓа во Европа, рече Мицотакис и додаде дека евентуалниот вакуум што би се создал „ќе го окупираат други играчи”.

Паралелно, уште еднаш го повтори неговиот став за Договорот од Преспа, дека не гласаше „за”, бидејќи, како што објасни, постојат аспекти што не му се допаѓаат. Но, потсети и на ставот дека ако договорот се ратификува во Парламентот, тогаш ќе го почитува, бидејќи е меѓународна обврска за земјата.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Јавноста шокирана откако тинејџери откриле дека стојат зад популарната австралиска веб-страница за следење на Ковид-19

Следно

Добра група за Е. Пелистер во Лигата на Европа

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian