Маж отворил врата на авион во Мајами и скокнал на неговото крило

1 min read

Патник на летот на Американ Ерлајнс кој слета на Меѓународниот аеродром во Мајами ја отворил авионската врата за итни случаи, а потоа скокнал до крилото на авионот.  

Инцидентот се случил синоќа откако летот 920 слетал на аеродромот, пишува АП.  

Полицајците го уапсиле патникот  

„Полицајците веднаш го уапсија човекот. Им благодариме на членовите на нашиот тим и полицијата за нивната професионалност и брза реакција”, се вели во соопштението на Американ Ерлајнс. 

ВПЛГ објави дека немало одложувања поради инцидентот и дека сите други патници во авионот можеле да се симнат од авионот без никакви проблеми.  

Засега нема информации за причината поради која патникот ја отворил вратата за итни случаи. 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Цеца во сериозен клинч со Саша Поповиќ: Не дојдов овде за ти да ме малтретираш

Следно

ФООМ со реакција: Ние не сме го финансирале извидничкиот настан Sex Scouts and Rock’n’Roll

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian