Маричиќ: Се разгледува апликацијата за притворот на Мијалков во ЕСЧП, имаме рок за одговор

3 mins read

Како министер за правда веќе една година имам јасна агенда, а тоа е зајакнување на независноста на судството, прочистување на судството од оние кадри кои не заслужуваат да бидат таму. Битно е како ќе се изведе тоа, мора да има законска процедура, дециден е министерот за правда Бојан Маричиќ одговарајќи на прашањето како да се врати изгубената доверба во судството.

Од друга страна и директното мешање на Владата во судството се смета за политички притисок и е надвор од ингеренциите на ресорот. Останува ветингот во судството да се реши со политичко дистанцирање зошто судиите сами треа да си завршат својата работа.

-Не е политички притисок. Наша должност е да ги креираме јавните политики кои граѓаните ги очекуваат и кои се добри за нив. Ние не се мешаме во тоа кој суд, кој судија и кога треба да биде прочистен или не, или кој јавен обвинител или кога. Таа работа е на Советот на јавни обвинители и судскиот совет. Нам ни е битно да постои определена транспарентна методологија, јасни критериуми и јасно утврден процес кој што тече, кој не запира. Мислам дека досега јас барем сум задоволен од динамиката, секогаш може и подобро но сигурен сум дека работите во судството се размрдани. И ЕУ посочува дека треба да има првостепен исход на сите случаи на СЈО, без разлика каков е исходот. Тоа е работа на судот. Гледате дека има и осудителни и ослободителни пресуди, но мора да има ефикасност во постапувањето, рече Маричиќ.

Во однос на постапката на Сашо Мијаков пред Европскиот суд за човекови права околу неговиот притвор за која се шпекулира дека ја добил и требало спогодба за тоа, Маричиќ вели:

-Истата фама се направи и минатата година кога излегоа оној сет на апликации во однос на лицата опфатени со аболицијата. Рекоа готово, еве сме добиле, сега треба да се спогодиме, но излезе дека не е така. Вистината е дека господинот Мијалков има поднесено апликација пред ЕСЧП за неговите случаи и редовната процедура наложува дека судот ја известува државата дека против неа има апликација и ја прашува да одговори во определен рок дали има намера да се спогоди затоа што судот сака да си ги скрати маките колку што е тоа можно. Јас сега не можам да прејудицирам како ќе одговориме, бидејќи има определен рок, но секогаш сме укажувале дека, така беше и претходниот пат, дека ќе се бориме за правната држава како влада, рече Маричиќ.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Мелбурн достигна рекордно ниво на заразени и покрај двомесечното заклучување

Следно

НБА одлучи: Сите кошаркари да се вакцинираат, тие кои се против ќе плаќаат пенали

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian