Маричиќ: Бојкотот не успеа, пописот е успешен

1 min read

Министерот за правда Бојан Маричиќ во вечерашното гостување на телевизијата Канал 5 изјави дека е задоволен што пописот на населението, кој завршува вечерва, е успешен и што не успеале повиците за бојкот.

Според него, успех е за толку кус период да се спроведе таква обемна операција и со толкав број на ангажирани луѓе, особено поради фактот што во земјава не беше спроведен попис дваесетина години.

Конечните бројки од пописот ќе бидат објавени вечерва по 20 часот, на прес-конференцијата на Државниот завод за статистика, најави Маричиќ.

„Од седум бази на податоци се земаат информациите кои се појдовна основа за теренскиот попис. Од ДЗС ќе ни соопштат колку има останати непопишани граѓани. И тие што одбиваат и тие што не се опфатени се многу малку. Неопфатените се на граница на статистичка грешка и тоа се случува во секоја земја. Тие што одбиле да се попишат сигурно нема да влезат во бројот на вкупно население, рече Маричиќ, кој додаде му е драго што повикот на партијата Левица за бојкот на процесот не била прифатена од населението.

Министерот додаде дека кај сите поединечни случаи на поплаки околу попишувањето, кои според него се во рамките на изолирани неправилности, веднаш е реагирано од страна на ДЗС.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Поплави во Италија: Пожарникари спасија две лица од потонат автомобил

Следно

Славчо Попоски прогнозира: Издржете го уште малку дождот, следуваат топли денови, еве кога!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian