Манекенка зборувала дека коронавирусот е измислен па завршила на респиратор: Ме удри како камион

1 min read

Британската манекенка Холи Мекгваер (43) признала дека речиси два пати ќе умрела откако се заразила со коронавирусот и дека лекарите ѝдавале само 15 отсто шанси дека преживее откако ја приклучиле на респиратор.

Манекенката претходно напишала на интернет дека коронавирусот е измислен и ги повикувала луѓето да не се вакцинираат.

„Бев антиваксер, не сакав да се вакцинирам, но сега сум убедена дека ковидот е реален“, рекла таа за „Мирор“.

По наговор на нејзиниот партнер се тестирала и открила дека е заразена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @scamdemic_exposure

Мекгваер признала дека одбила да верува дека има коронавирус сѐ додека не завршила во болница, каде што престојувала повеќе од три недели, од кои две недели била во кома на респиратор. 

– Мојот сопруг беше подготвен за најлошото. Ѝ се јавил на мајка ми и плачејќи ѝ рекол дека мисли дека нема да успеам да се извлечам – рекла манекенката.

„Многумина од моите пријатели беа антиваксери, беа заговорници против вакцината, а и јас ги слушав. Сега навистина жалам поради тоа. Бев глупава. Откако се заразив, беше ужасно, ме погоди како камион. Вакцинирајте се што е можно побрзо“, додала Мекгваер.

Манекенката претходно со месеци се обидувала да влијае на јавноста да ги отвори очите и да не „голта“ сè што е сервирано од фармацевтските компании и лобистите задолжени за, како што рекла „заработувачка преку вакцините“.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

НБА одлучи: Сите кошаркари да се вакцинираат, тие кои се против ќе плаќаат пенали

Следно

Приведен крадец на бул „Крсте Петков Мисирков” во Скопје

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian