Матс Хумелс поради повреда нема да биде дел од најдобрата германска репрезентација во октомвриските квалификациски натпревари за пласман на Светското првенство 2022 против Романија и Македонија, пренесува „Кикер“.
32-годишниот централен бек на Борусија Дортмунд нема да биде во составот на селекторот Ханси Флик за дуелот во Скопје против нашата А селекција кој ќе се игра на 11 октомври на Националната арена „Тодор Проески“.
Како што е најавено во петок Флик ќе го објави списокот за претстојните дуели. Флик исто така нема да може да смета и на повредените Илкај Гундоган (Манчестер сити) и Махмуд Дахуд (Борусија Дортмунд). А под знак прашалник е и настапот на Робин Госенс кој уште во 11 минута од мечот на неговата Аталанта против Јанг Бојс го напушти теренот.
Во меѓувреме, се очекува да се врати голманот Марк-Андре тер Штеген и го замени Кевин Трап, а нова минутажа би можеле да добијат Давид Раум и Карим Адејеми кои претходно дебитираа.
Прва опција во мечевите со Романија и Македонија во централниот дел од одбраната на Германците се очекува бидат Никлас Зуле и Антонио Ридигер.