Фон дер Лајен: Постигнатиот договор меѓу Србија и Косово е добра вест за целиот регион

1 min read

„Топло го поздравувам постигнатиот договор меѓу Србија и Косово во Брисел”, напиша на Твитер претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која ја заврши дводневната посета на Србија и отпатува за Сараево, јави дописникот на МИА од Белград.

„Ова е многу позитивен развој на ситуацијата по моите средби со претседателот Александар Вучиќ и премиерот Албин Курти. Ова е добра вест за целиот регион. Дијалогот сега мора да продолжи”, порача Лајен на Твитер.

Таа, исто така, сподели твит од специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак за постигнување на договорот и фотографија од самиот договор.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ЈП „Градски паркинг“ – Скопје: Од 1 октомври почнува зимското сметање на работното време

Следно

ДИК одби два приговори за предвремено почната изборна кампања

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian