Етиопија протерува седум службеници на ОН

1 min read

Министерството за надворешни работи на Етиопија денеска соопшти дека седум претставници на Обединетите нации мора да ја напуштат земјата во рок од 72 часа поради мешање во внатрешните работи, пренесува Ројтерс.

Меѓу нив има пет службеници од хуманитарна агенција на ОН, еден од Канцеларијата на ОН за човекови права и претставник на УНИЦЕФ во земјата. Во соопштението не се наведуваат детали за нивното наводно мешање.

Соопштението за протерување на службениците на ОН доаѓа во услови на зголемен притисок врз владата на Етиопија поради смртоносната блокада на регионот Тиграј.

Портпаролот на хуманитарната агенција на ОН не реагираше на соопштението на министерството во Етиопија, ниту пак портпаролката на премиерот на Етиопија.

Милиони луѓе во Тиграј се потпираат на хуманитарна помош за да преживеат, но хуманитарните работници ги обвинуваат владините сили дека намерно ги прекинале испораките на помош.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бритни Спирс конечно слободна: На деветти облак во моментов

Следно

ВИДЕО | Заев од Валандово: СДСМ и Костадинов го носат најдоброто, Валандово станува „паметен“ град

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian