„Ќе одите во рајот“ : Мајка ја убила ќерка си, па го ранила синот

1 min read

Мајка од Феникс ја застрелала својата двегодишна ќерка и сериозно го повреди нејзиниот шестгодишен син со надеж дека ќе можат „да одат во рајот“.  

Естер Каљејас (24) во понеделникот се јавила кај сопругот и другите членови на семејството и им кажала дека ги убила своите деца. Членовите на семејството ја известиле полицијата која се упатила кон нејзиниот дом и започнале „итна постапка за спасување живот“ за девојчето и момчето. 

Двете деца биле пренесени во болницата каде што била потврдена смрт на ќерката, пишува Ен-Би-Си.  

„Таа им рече на детективите дека после тоа планирала да се самоубие. Каљејас призна дека ги застрелала децата „затоа што сакала тие да одат во рајот“ рече полицајката Ен Јустус.  

Сопругот на Каљејас повикал полиција уште на 14-ти септември бидејќи бил загрижен за неговата сопруга и децата. Полицијата ја повикала Каљeјас, но мајката им рекла дека таа и децата се добро.  

Шестгодишното момче сега е во болница и е во критична состојба. 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО+РЕЦЕПТ | Шеф Бранко Поповски: Модри патлиџани во тегла – Домашно си е домашно!

Следно

Дебата на кандидатите за градски татко на Струмица: Се предлага нов ГУП и дислокација на рудникот „Огражден“

Latest from Blog

На денешен ден – 21 октомври

1422.- Умре францускиот крал Шарл VI, кој на престолот беше 42 години. Во почетокот на владеењето бил наречен „Саканиот Шарл“, но

MacedonianEnglishAlbanian