Екипата на Еурофарм Пелистер која ќе биде единствен македонски претставник во второто по квалитет европско клупско натпреварување, Лигата на Европа, денеска ги доби своите противници.
Е. Пелистер е во групата Д заедно со екипите на Татабања, АЕК Атина, Спортинг, Ним и Кадетен.
Битолчани и во минатата сезона играа со унгарскиот тим како и со тимот на Кадетен Шафхаузен.
Според форматот на натпреварување, првите четири екипи од групата продолжуваат во нокаут фазата и ќе вкрстат со првите четири екипи од групата Ц, по принцип 1-4, 2-3. Првото коло во новата сезона во Лигата на Европа ќе се игра на 19 октомври.