Димитров: Од самитот ЕУ – Западен Балкан на регионот му треба јасно ветување за европската иднина

5 mins read

Ние имаме што да кажеме и имаме многу силни аргументи. Реално, редот е на ЕУ да испорача. Во тој контекст од самитот ЕУ – Западен Балкан на регионот му треба јасно ветување за неговата европска иднина, изјави вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров.

Осврнувајќи се на негото учество со специјално обраќање на есенската сесија на Парламентарното собртание на Советот на Европа, Димитров, како што јави дописникот на МИА од Стразбур, истакна дека ПССЕ одамна не дебатирало за Балканот, а тајмингот е одличен и очекува оваа дебата да резултира со една голема поддршка на 47-те земји челени во однос на европската иднина на Блаканот, кој е многу потребна.

– Работите не се добри и мора да бидат подобри. Јас се обидов преку македонската приказна како најдрастична да им укажам посебно на 27-те земји членки на ЕУ, зошто процесот мора да мрдне. И истовремено на некој начин да аргументирам и за целиот Балкан, за шесте земји од Западниот Балкан, зошто е толку важно Европа да си го одржи ветувањето. Ветувањето е дадено пред 18 години и дури и молчев 16 секунди за да ги симболизирам 16-те години што македонскиот народ, сите македонски граѓани ги поминаа во чекање да почнеме на патот. Така што мислам дека целта ја остварив. Имав и доста средби на маргините. Мислам дека имаме што да кажеме и имаме многу силни аргументи. Мсилам дека реално, редот е на ЕУ да испорача, рече Димитров.

За неговите директни забалешки околку блокадата на нашите евроинтеграции од страна на соседна Бугарија, тој повтори дека не е европски и не е добрососедски, па ниту пристојно кога соседот ви се меша во тоа каков јазик зборувате.

– Ние зборуваме македонски јазик, тоа прашање е за нас, за Македонците. Така што не можев, а тоа да не го кажам. Истовремено убеден сум дека нашата битка за македонскиот идентитет е битка и за европскиот идентитет. Минатата недела беше ден на европските јазици и култури, Ден означен од Советот на Европа. Живееме на континент што е многу богат со различности и не може како услов за напред кон едно такво семејство некој да ви го проблематизира јазикот на европско ниво. Тоа не е добро. И затоа апелирав на лидерство, на одговорност. Во интерес и на нашата држава и на соседна Бугарија и на пријателството е ова да го решиме на европски начин, смета Димитров.

Околу обвинувањата од страна на Бугарија за наводна дискриминација на лицата кои сакаат да се идентификуваат како Бугари во Северна Македонија, тој подвлекува дека нашата земја е држава со долга традиција на толеранција.

– Ние сме земја со долга традиција на толерантност кон различните, градиме заедничка куќа и Македонците и Албанците, и Турците и сите заедно. Имаме механизмни многу сериозни и јас само кажав дека според мои информации нема дури ни една поплака пред Комисијата за антидискриминација во однос на некакви нарушувања на права врз основа на бугарска етничка припадност. Зошто тоа баш во овој момент доста бугарски политичари на големо и гласно го промовираат тоа е нивна работа и не сум сигурен, но мислам дека не користи, барем во нашата земја, во нашата Македонија ние имаме цврсти гранации дека сите сме еднакви пред законот независно од етничката припадност, вели Димитров.

За нонпејперите околу укинување на визната либерализација, околу неставање на јасни перспективи за земјите од регионот, клучна ќе биде пораката од самитот ЕУ-Западен Балкан од Брдо кај Крањ во Словенија.

– Дебатата денеска во ПССЕ е многу корисен сигнал кон ЕУ од 47 земји во Советот на Европа, меѓу кои се и земјите членки на ЕУ дека е многу тешко да се замисли иднината на Балканот ако го тргнеме европското ветување. Работите не се едноставни, меѓутоа ќе треба многу поголема решителност и лидерство во некои европски градови. Дали во тоа ќе успееме ќе зависи од декларацијата од Самитот ЕУ-Западен Балкан на 6 октовмри. Од таа декларација на регионот му треба јасно ветување за неговата европска иднина, порача вицепремиерот Димитров.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Вториот највисок врв во Европа се смалил за еден метер

Следно

Младинска ЛШ: Шкендија поразена во првиот меч од Хајдук Сплит

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian