Д-р Мехмедовиќ е песимист: Нѐ чека тешка есен со коронавирусот, кампањата и изборите нема да помогнат

1 min read

Намалувањето на дневните температурите и предизборните собири ќе ја влошат епидемиолошката состојба, смета лекарот Злате Мехмедовиќ, кој е песимист и вели дека нѐ очекува тешка есен и зима со делта-сојот на коронавирусот, кој е попренослив и позаразен.

Д-р Мехмедовиќ, во изјава за ТВ21, констатира дека без да се постигне колективен имунитет, нема да има спас од новите соеви на вирусот кои би можеле да пристигнат во нашата земја. Тој нема големи надежи дека наскоро би можеле да означиме крај на пандемијата.

За влошување на состојбата, според д-р Мехмедовиќ, ќе придонесат и митинзите кои се одржуваат како дел изборната кампања, на кои може да се забележи масовно непочитување на заштитните мерки и протоколите.

До вчера вкупно 726.625 македонски граѓани се вакцинирани со две дози, а 181 граѓанин веќе има примено и трета доза. Според бројот на аплицирани вакцини, имунизирани се 38 отсто населението, додека 35 отсто примиле две дози од вакцината.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Светски проблем: Недостиг на транспортни работници, невидливата рака на глобалниот синџир на снабдување

Следно

Ризваноли: Косовската влада го отфрли проектот за гасоводот

Latest from Blog

На денешен ден – 21 октомври

1422.- Умре францускиот крал Шарл VI, кој на престолот беше 42 години. Во почетокот на владеењето бил наречен „Саканиот Шарл“, но

MacedonianEnglishAlbanian