Бугарската влада одлучи да го продолжи физичкиот попис до 10 октомври

1 min read

Привремената бугарска влада одлучи да го продолжи рокот на попишувачите за една недела и тие ќе можат да ги посетуваат домаќинствата, зградите и домовите до 10 октомври.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, продолжувањето на периодот за попис на населението ќе им обезбеди неопходно време на попишувачите да ги завршат своите активности и да ги соберат сите потребни информации во согласност со европското и националното законодавство.

Националниот институт за статистика на Бугарија објави дека рокот за попис преку Интернет истекува до 30 септември на полноќ. Дотогаш граѓаните на Бугарија ќе можат да се попишат преку информативниот систем „Попис 2021″.

Досега, 2.216.254 луѓе се пребројани преку Интернет, распоредени во 973.811 домаќинства.

Преку физичките попишувачи заведени се 1.954.116 луѓе, а вкупниот број луѓе во Бугарија веќе е над четири милиони луѓе.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Закани од пратеникот кон професорот: Милошоски му пркоси на Фрчкоски за амбасадорската позиција во ОН

Следно

Масакр во затвор во Еквадор: Најмалку 116 загинати во судир на банди

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian