Заврши состанокот со Лајчак, нема конечен договор меѓу Белград и Приштина

3 mins read

Белградската делегација ги заврши разговорите со специјалниот претставник на ЕУ за дијалог Мирослав Лајчак и ја напушти зградата на Европската служба за надворешна акција, без изјави за печатот.  

Како што неофицијално дознава Н1, конечниот договор меѓу Белград и Приштина за решавање на кризата на административните премини на северот на Косово вечерва не е постигнат. Разговорите ќе продолжат, но се уште не е познато кога.  

Потсетуваме, главниот преговарач на Приштина, Бесник Бисjими, денеска во Брисел изјави дека двете страни постигнале принципиелен договор за решавање на кризата во северно Косово, но дека белградската делегација не се согласила за точката на договорот во врска со автомобилите со К.М. таблички.  

Бисjими за новинарите рече дека нацрт -договорот предвидува три точки.  

Првата точка предвидува дека и српската и косовската страна од понеделник ќе почнат да користат налепници, наместо да ги вадат регистарските таблички. Втората точка предвидува формирање работни групи за трајно решение на прашањето за слободата на движење, во рок од шест месеци, додека третата точка предвидува членовите на КФОР да ги заменат единиците на РОСУ во северно Косово и истовремено да ги отстранат барикадите поставени од косовските Срби.  

Претставникот на Приштина рече дека единствената точка на која делегацијата од Белград не ја дала својата согласност, пред договорот да биде прогласен за конечен, се однесува на автомобилите со КМ таблички.  

Инаку, делегациите на Белград и Приштина денеска не беа на иста преговарачка маса во Брисел, туку имаа само билатерални средби со Лајчак, кој посредуваше во преговорите меѓу двете страни.  

Американскиот амбасадор во Србија, Ентони Годфри, вечерта на Твитер изјави дека е во близок контакт со американскиот пратеник Габриел Ескобар, кој исто така е во Брисел за да го поддржи овој дијалог, и дека договорот не е финализиран, иако има напредок.  

„Работата не е завршена, но постигнат е добар напредок. Страните треба да бидат флексибилни и да продолжат со својата работа за да го финализираат ова. „Времето е сега“, рече Годфри. 

Лајчак: Започнати се одделни преговори со претставници на Србија и на Косово

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Роналдо го надмина рекордот на Касиљас во Лигата на шампионите

Следно

ФОТО: Пет мртви во тешка сообраќајка во Израел

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian